23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗInfiniti G37 стана Q40

Infiniti G37 стана Q40

infiniti q40

Додека ги чекаме потполно новите модели „Q30“и„XQ30“, „Infiniti“ за моделската година 2015-та направи одредени промени во својата актуелна гама.

Најголемо внимание прилвлече веста поврзана за „Infiniti G37“ кој покрај скромните промени доживеа и промена на името, па сега овој седан ќе се нарекува „Infiniti Q40“.

Овој автомобил ќе биде достапен од август оваа година, а ќе биде на располагање со 3.7-литарски „V6“ бензинец со 328KS (во пар со седумстепен автоматски менувач), како и со избор на верзија со 4×4 погон или без него.

Инаку, „Infiniti“ благодарејќи на моделот „Q50“ значително успешно ја заклучи првата половина од тековната година. „Infiniti“ имено во првите шест месеци од 2014-та година ширум светот испорача 101.220 возила, што е раст од 30 отсто во однос на истиот период од 2013-та.

infiniti q40 11

Исто така, тоа е и најдобар полугодишен резултат за оваа марка во сопственост на „Nissan“.

„Infiniti“ очекува продажбата на овој модел уште повеќе да порасне и тоа благодарејќи на продолжената верзија која на кинескиот пазар ќе се појави до крајот на оваа година.Тоа не е единствениот новитет за Кина, бидејќи уште во текот на 2014-та година се очекува премиера на моделот „ESQ“, всушност верзијата на „Infinti“ на „Nissan Juke“.

Треба да се напомене дека во текот на 2015-та година пристигнуваат, компактниот модел „Q30“ и кросоверот „XQ30“, како и дека до 2017-та година „Infiniti“ моделите ќе се произведуваат во новата фабрика во Мексико ( во новата заедничка фабрика на „Renault-Nissan“и„Daimler“).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП