25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈужна Кореја со 40 милијарди долари ги стимулира малите и средни претпријатија

Јужна Кореја со 40 милијарди долари ги стимулира малите и средни претпријатија

APTOPIX South Korea Liberation Day

Владата на Јужна Кореја ќе го стимулира развојот на мали и средни претпријатија со 40 милијарди долари.

Овие средства ќе бидат инвестирани во претстојните три месеци, а со нив ќе се стимулираат поголема вработеност и раздвижувањето на локалниот пазар на недвижности.

Ова е втора ваква интервенција на Владата во Сеул годинава и е резултат на релативниот пад на БДП-то на Јужна Кореја, кој и натаму по вредноста го зазема четвртото место во Азија.

На почетокот на годинава, со иста цел, Владата потроши 15 милијарди долари.

Економските експерти во Сеул сметаат дека растот на јужнокорејската економија, заснована воглавно на извоз, не е според очекувањата најмногу поради тоа што во државите каде што извезува се уште има последици од глобалната економска криза.

Има и мислења дека на бавниот раст на економијата значајно влијаела и несреќата на ферибродот од пред сто дена. Оваа катастрофа сериозно го разнишала секојдневието на Јужна Кореја, а влијаела и на продуктивноста во економијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП