19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПСЖ доби понуда за Маркињос од Барса вредна 40 милиони евра

ПСЖ доби понуда за Маркињос од Барса вредна 40 милиони евра

markinjos 385

Раководството на Барселона направи нова понуда во висина од 40 милиони евра за бразилскиот дефанзивец Маркињос од ПСЖ, соопштуваат шпанските медиуми.

Ова е уште еден обид на каталонците да го убедат францускиот шампион да им го продаде 20-годишниот фудбалер.

Од ПСЖ засега ги отфрлија двете претходни понуди на Барселона за Бразилецот. Изгледа дека францускиот шампион нема лесно да се раздели со Маркињос, иако Лоран Блан го засили составот со Давид Луис, кој беше доведен од Челзи.

Самиот Маркињос изрази желба да го напушти ПСЖ откако францускиот шампион го купи неговиот сонародник.

Се очекува во наредните денови да има некаков развој во преговорите помеѓу двата клуба.

Ако Барселона не успее да го земе Маркињос, ќе се насочи кон некој друг централен дефанзивец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП