29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЗабавен растот на продажбата на таблетите на Apple и Samsung

Забавен растот на продажбата на таблетите на Apple и Samsung

Samsung Galaxy Tab S

Уделите на компаниите „Apple“ и „Samsung“ во вкупната продажба на таблети во светот забележија пад во вториот квартал од оваа година поради неочекуваниот мал раст на прометот од само 11 проценти или 49.3 милиони долари.

Компанијата „Apple“, која го креираше овој пазар со претставувањето на својот „iPad“ во 2010-та година, и натаму останува највлијателна по бројот на продадени уреди и покрај падот од 9.3 проценти на годишно ниво или 13.3 милиони единици.

Уделот на таблетите на „Apple“ во вкупната продажба на глобално ниво падна на 26.9 отсто, додека во истиот период од минатата година изнесуваше 33 проценти, а во првиот квартал 32.5 отсто.

Јужнокорејската компанија „Samsung“ во вториот квартал го задржа второто место со 8.5 милиони продадени таблети и удел на пазарот од 17.2 отсто, што исто така е пад во однос на минатогодишните 18.8 проценти и во однос на 22.3 отсто во претходниот квартал.

Аналитичарите објаснуваат дека на пазарот дошло до значајни промени, затоа што досега растот на продажбата на останатите конкуренти немаше големо влијание на продажбата на уредите на „Apple“ и „Samsung“.

Кинеската компанија „Lenovo“, која ја зазема третата позиција, ја зголеми продажбата во вториот квартал за 64.7 отсто на годишно ниво со продадени 2.4 милиони уреди и удел од 4.9 отсто.

Тајванските „Asus“ и „Acer“ се на четвртото, односно петото место со обем на продажба од 2.3 милиони, односно 1 милион продадени таблети.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП