Покривите на високите згради се идеално место за базени или ВИП ресторани. Видете ги најубавите ресторани на покриви, кои имаат прекрасен поглед, добра кујна и неверојатна атмосфера:
Ресторанот „360“ е на врвот на зградата „CN Tower“ во Торонто. Од прозорецот ќе гледате поглед од височина од 351 метри. Понекогаш чувството е како да сте над облаците!
„Sirocco“ се наоѓа на покривот на 63-катната „Вangkok State Tower“. Тоа е во ресторанот на хотел „Lebua hotel“. Се служи медитеранската кујна со фина џез музика.
Ресторанот „Georges“ се наоѓа на покривот на „Centre Pompidou“. Тука навечер има Ди Џеј забави, а глетката кон светлата на Париз е неверојатна.
„Juvia“ сервира француска, јапонска и перуанска храна со поглед кон Мајами. Има подвижен покрив, кој може да се става при лошо време.
На 38-тиот, последен кат на „Mandarin Oriental Tokyo“ се наоѓа „Sushi Sora“. Тука се служи суши, со капацитет за 8 клиенти.
100-катната „Kingkey 100“ е осмата највисока зграда во светот. На последните 28 спрата се наоѓа хотел „St.Regis“. Ресторан „Елба“ се наоѓа на 99-тиот кат и сервира италијанска храна.
Ресторан „Ku Dé Ta“ е дел од комплексот „Marina Bay Sands“ во Сингапур. Се сервира азиска храна.
„Atayeb“ се наоѓа на покривот на хотелот „Yas Viceroy“ во Абу Даби. Има поглед кон патеката за Формула 1 и е многу популарен за време на тркачката сезона. Се служи медитеранската и арапска кујна.
Една од најубавите глетки кон Рим е од „Ristorante Aroma“, кој се наоѓа во „Hotel Palazzo Manfredi“. Во зима тој е завиткан во стакла, но во лето е целосно отворен.
„Le Grill“ се наоѓа на врвот на „Hotel de Paris“ во Монако. Се сервира класична медитеранска храна и има многу добро одбран вински лист. Има подвижен покрив за зимата.
„China Grill“ се наоѓа на 66-тиот последен кат на „Park Hyatt Beijing hote“.
„Asiate“ се наоѓа на 35-тиот кат на „Mandarin Oriental“ во Њујорк. Тоа не е последен кат, но сепак има поглед кон Централ Парк од височина, од која не сте навикнати да го видите.
„Le Jules Verne“ е еден од најубавите ресторани во Париз. Се наоѓа на височина од 122 метри, на самата Ајфелова кула.
Овој ресторан се наоѓа на 14-тиот кат на „Sheraton“ и гледа кон Нијагарините водопади. Ова е еден од најпознатите ресторани во Канада.
Во Лондон има многу извонредните ресторани. Без сомнение една од нив е „Galvin“, кој се наоѓа на 28-тиот кат на „Hilton“. Се сервира француска храна. Погледот се протега од Хајд Парк до катедралата Сент Пол.
„360 Bar and Dining“ се наоѓа во „Sydney Tower“. Не само што е на високо, туку и се врти!
Уште еден ресторан во Бангкок – „Vertigo“. Се наоѓа на покривот на хотелот „Banyan Tree Bangkok“.
„Le Loft“ се наоѓа на последниот кат на „Sofitel Stephansdom Hotel“ во Виена. Нуди француска и австриска кујна, како и прекрасен поглед кон Виена.