24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPorsche го „освежи“ Cayenne (видео)

Porsche го „освежи“ Cayenne (видео)

cayenene93

Покрај козметичките промени на изгледот и подобрената суспензија, најголема новина на обновениот „Cayenne“ е новиот 3.6-литарски „V6“ битурбо кој во целост е развиен во „Porsche“.

Дотерувањето на многу успешниот модел „Cayenne“ опфаќа бројни промени на надворешниот изглед, особено на предниот дел. Маската на ладилникот е поголема, предниот браник е поразличен со големи отвори за воздух со цел да се подобри ладењето. Променети се и предните крила и хаубата на моторот, која сега е поголема.

Новиот „Cayenne“ доаѓа со сериски би-ксенон фарови и „LED“ дневни светла на моделите „Diesel“, „S“ и „S E-Hybrid“, додека моделот „Turbo“ доаѓа со „LED“ динамични предни фарови.

Но најголемата вест е под хаубата на моторот. Таму „Cayenne“ добива нов 3.6-литарски „V6“ битурбо кој е во целост развиен во „Porsche“. Тој развива 420 KS и 550 Nm, a замена е за атмосферскиот 4.8-литарски „V8“ кој беше и послаб. Со новиот мотор на „Cayenne“ од место до 100 km/h стигнува за само 5.5 секунди и постигнува максимални 260 km/h.

Хибридниот „Cayenne“ користи 3-литарски „V6“ кој соработува со електромотор од 95 KS и заедно развиваат 416 KS. Благодарејќи на литиум-јонските батерии, ова возило може 36 km да вози само на струја.

Во „Porsche“ тврдат дека ја подобриле и суспензијата со што овој автомобил ќе биде уште покомфорен без влијание на динамиката на возење. Ентериерот има нов управувач со вградени дополнителни функции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП