25 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРА Разговор за работа: 10 мудри одговори на 10 тешки прашања

Разговор за работа: 10 мудри одговори на 10 тешки прашања

intervju rabota029

Разговорот за работа често е последниот чекор кон вашето ново вработување. Но, многу замки идниот работодавач ќе ви ги постави токму тогаш за во многу краток период да дознае што е можно повеќе информации за вас.

Во својата книга „301 мудри одговори на тешките прашања на работодавачите“, Вики Оливер се посветила на оваа тема, т.е. открива како најдобро да се претставите за време на разговорот за работа.

Од изборот на „Business Insider“, за вас одбравме десет тешки прашања и десет мудри одговори за истите:

Сте промениле многу работни места. Дали и нашата компанија е само „попатна станица“?

– На сите тие работи, покрај промените, усовршив доста вештини кои ме научија да ги решавам проблемите на креативен начин.

Како ќе реагирате ако за пет години во нашата компанија не напредувате?

– Се сметам за амбициозна личност, но во исто време и практична. Се додека учам нови работи и растам во тој поголед, ќе бидам задоволен/а.

Од вашето „CV“ се гледа дека два пати сте добиле отказ. Како се чувствувате поради тоа?

– Сето тоа ми даде сила. Секој пат се враќам уште појак/а и се вработив на подобри места со поголема плата.

Опишете ја вашата работа од соништата?

– Ова е мојата работа од соништата и поради тоа се пријавив на конкурсот за работа. Со нетрпение очекувам на најдобар начин да допринесам за развојот на вашата компанија.

Долго време не сте биле вработени. Како тоа го објаснувате?

– Родив, а сопругот работеше по цели денови, седум дена во неделата. Но и покрај тоа ми недостасуваше работа (нормално, одговорот во овој случај може драстично да се разликува од кандидат до кандидат).

Колку часа неделно обично работите?

– Работам многу, а во прекувремените часови настојувам да допринесам со што подобри деловни резултати.

Ајде малку да поразговараме за вашите незавршени задачи…?

– Со задоволство, но тоа никогаш не се случило.

Дали е поважно да имате среќа или вештина?

– Мислам дека е подобро да имате среќа, но и вештината ви отвора многу можности. Најважно е да се најдеш на вистинско место во вистинско време.

Дали некогаш сте направиле грешка која финансиски ја чинела вашата компанија?

– Со гордост можам да тврдам дека таква грешка никогаш не сум направил/а.

Поради која причина не напредувавте на претходното работно место?

– Имаше многу реструктуирања во компанијата, дојдоа некои нови луѓе и едноставно не беше вистинско време да се „истакнам“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП