20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRosneft како да нема криза!

Rosneft како да нема криза!

The Kremlin is reflected in the polished

Нето профитот на „Rosneft“ во првото полугодие од оваа година е зголемен двојно во однос на истиот лански период или на 260 милијарди рубљи (7.4 милијарди долари).

Во 2013-та година нето профитот на компанијата изнесуваше 137 милијарди рубљи, што за 18,1 отсто го надмина тој показател од претходните години.

Компанијата во првите шест месеци од 2014-та година исто така го зголеми производство на јаглеводороди за 4,6 проценти на годишно ниво или на 5,027 милиони барели нафтен еквивалент дневно.

Преработката на нафта во првото полугодие е зголемена за 22,9 проценти или на 48,49 милиони тони, додека само во вториот квартал била 23,62 милиони тони.

Обемот на произведена нафта и нафтени производи за шест месеци е зголемен за 21,3 отсто или на 104,6 милиони тони, а во вториот квартал бил поголем за 1,3 отсто, отколку во иститот период во 2013-та и достигна 52,9 милиони тони.

Производството на гас во првото полугодие е зголемено за повеќе од два пати или на 25,76 милијарди кубни метри, а во вториот квартал остварила меѓугодишен раст од 33,2 проценти или на 11,32 милијарди кубни метри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП