20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТВ уредот на Samsung вреден 120.000 долари

ТВ уредот на Samsung вреден 120.000 долари

skap televizor 3883

„Samsung“ за широката јавност го претстави еден од своите најскапи и најдобри ТВ уреди. Истиот уред е веќе претставен на почетокот на годината на „CES“.

Станува збор за 105-инчниот „Ultra HD TV“ со закривен „OLED“ екран во 21:9 формат.

Уредот службено се нарекува „Samsung UN105S9W“ има резолуција на екран од 5120 x 2,160 пикесли (што е поголема резолуција отколку кај останатите екрани кои поддржуваат 4К видео содржини), т.е. технологиите „UHD Dimming“ и „Precision Black“ за светла бела и длабока црна боја.

Исто така, тука е и опцијата „Quad Screen“, што значи истовремена поддршка за до четири екрани со „HDTV“ резолуција на екранот од 105-инчи на телевизорот на „Samsung“

Заинтересираните купувачи кои се подготвени да одвојат 119.999,99 долари (цена на американскиот пазар) за овој телевизор ќе можат да уживаат во златната корисничка поддршка на компанијата која вклучува и доаѓање на техничари од „Samsung“ во домот на купувачот каде ќе им помогнат во добивање на оптималните поставки во уредувањето кое е во склад со затекнатите услови во просторијата во која уредот ќе биде поставен.

„Samsung“ истакнува дека процесот од нарачка на овој телевизор до неговата достава обично трае околу 12 недели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП