19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЛесен начин да го отстраните лошиот здив

Лесен начин да го отстраните лошиот здив

Со редовното четкање на забите, испирање на устата, се клучни за одржување на хигиената на устата. Имено тоа е едноставната постапка за отстранување на остатоците на храна и собирањето на бактерии кои се причинители за непријатниот здив. Па иако некои води за испирање на устата се достапни во сите продавници, нивните агресивни состојки сакате да ги избегнете. Поради тоа ви препорачуваме сами да си направите природен и евтин пијалок кој го елиминира лошиот здив.

Зелените листови на магоднос имаат јака и свежа арома, а нивната зелена боја која укажува на богатство на хлорофил е најдобар природен борец против лошиот здив, затоа што поседува антибактериски својства.

Иако џвакањето магдонос се препорачува по конзумирањето на оборок кој во себе содржи причинители на лошиот здив, чајот од магдонос е практична и ефикасна метода кога станува збор за елиминирање на лошите бактерии во устата.

Состојки:

– половина дланка свеж магоднос.

– ½ литар вода

Подготовка:

Во тенџере ставете половина литар вода и додадете го насецканиот магдонос, па оставете го да се готви околу пет минути. Потоа напитокот процедете го и можете слободно да го користите по секој оброк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП