23 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple соработува со Swatch зa iWatch

Apple соработува со Swatch зa iWatch

ap iwat

Според пишувањето на „VentureBeat“, „Apple“ најверојатно соработува со барем еден партнер, швајцарскиот производител на часовници „Swatch“, со цел да претстави линија на паметни рачни часовници со различни форми и цени.

Досегашните гласини главно биле поврзани со еден или два модели на паметните часовници на „Apple“, но најверојатно компанијата има намера да престави цело семејство на рачни часовници кои ќе ги задоволат вкусовите на различните категории на корисници.

Некои извори наведуваат дека „Apple“ соработува со „Timex“ за да претстави еден или повеќе часовници. Имено, „Timex“ веќе има своја линија на часовници – „Ironman“ кои би можеле да бидат компатибилни со часовниците на „Apple“ кои најверојатно ќе имаат интегрирано многу биометриски сензори.

Во овие гласини добро се вклопуваат и неодамнешното вработување на поранешниот потпретседател на „TAG Heuer“, Патрик Пруниаукс и извршниот директор на „Burberry“, Ангел Ахренц.

Но, „Apple“ би требало да произведува и линија на рачни часовници под сопствено име, кој ќе се нуди независно од часовниците кои ги нудат партнерите на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП