24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗDacia добива сериозен конкурент од страна на Opel

Dacia добива сериозен конкурент од страна на Opel

opel znak2

Германскиот производител „Opel“ најверојатно работи на анализа за исплатливоста на целосно нов евтин модел, кој компанијата ќе го понуди на пазарот во Европа.

По „Volkswagen“, судејќи според извештаите на специјализираните медиуми, и „Opel“ се подготвува да се спротивстави на мајсторскиот потег на „Renault“ со брендот „Dacia“.

Извори за „Automotive News“ велат дека „Opel“ цели на популацијата која досега ги купуваше моделите на „Chevrolet“, бренд кој ќе се повлече од Европа до крајот на 2015-та година.

Најверојатно оваа одлука долго време се подготвувала, а дел од планот за експанзија и новите визии за европското работење на „Opel“, кое го спроведуваше „Opel Group GmbH“ со 100 вработени.

Оваа група ќе раководи со „Opel“, но и со европските активности на „Cadillac“ и руската операција на „Chevrolet“.

Ако планот за евтини возила добие зелено светло, новите модели би требало да се појават на пазарот до крајот на деценијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП