25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГерманците досега за засилувања потрошија над 150 милиони евра

Германците досега за засилувања потрошија над 150 милиони евра

bundesliga 83

Клубовите од Бундеслигата во Германија досега потрошија над 150 милиони евра за трансфери во летниот преоден рок.

Шампионот Баерн Минхен го зеде Хуан Берн од Валенсија, но го продаде Тони Крос во Реал Мадрид и Марио Манџукиќ во Атлетико Мадрид, заработувајќи околу 40 милиони евра од двата трансфери. „Баварците“ како слободни играчи ги привлекоа Роберт Левандовски од Борусија Дортмунд, како и Себастијан Роде од Ајнтрахт Франкфурт.

„Жолто-црните“ од Дортмунд, кои се вицешампиони во последните две години, ги обезбедија услугите на Чиро Имобиле и Адријан Рамос. Во моментов раководството на Борусија нема намера да се раздели со Матс Хумелс и Марко Ројс. Во летото Дортмунд го купи и Матијас Гинтер од Фрајбург, а потрошените пари од клубот се повеќе од 30 милиони евра.

Учесникот во Лигата на Шампионите, Баер Леверкузен се засили со Јосип Дрмиќ (Нирнберг), со Бразилецот Вендел, како и со младата ѕвезда Хакан Чалханоглу од Хамбургер. „Фармацевтите“ исто така ја минаа границата од 30 милиони евра за летни трансфери за засилување на составот. Целта пред Леверкузен за оваа сезона е да заврши на второто место по фаворитот за титулата Баерн Минхен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП