28 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGoogle Now подобар од Siri во тестот за прецизност

Google Now подобар од Siri во тестот за прецизност

siri-google-now

Кога станува збор за гласовните асистенти, секоја компанија тврди дека нејзиниот сервис е најдобар.

„Apple“ го има „Siri“, „Google“ го има „Google Now“, а „Microsoft“ го има „Cortanа“ (иако се уште не е глобално достапен).

Според тестовите на аналитичарите од компанијата „Piper Jaffray“, „Google Now“ успеа да го надмине „Siri“, кога прецизноста е во прашање. Со цел да се направи овој тест, земени се 800 прашања со кои се тестирани овие два гласовни асистенти.

Потоа е измерено колку од двата асистените успеале да го разберат секое прашање, а потоа дел од прашањата се поставени во затворен, а дел на отворен простор. На овој начин е тестирано како сервисите се снаоѓаат во тивки, а како во бучни средини.

Интересно, за време на тестирањето откриено е дека „Siri“ се потпирала на „Google“ како извор на само три проценти од случаите (во 2012-та тоа било 27 отсто). Во секој случај, „Siri“ оствари прецизност од 84 проценти, додека „Google Now“ бил за два проценти попрецизен.

Откриено е дека кога е во прашање навигацијата и локалните и генерални информации, „Google Now“ е супериорен. Од друга страна, кога се командите во рамките на оперативниот систем во прашање, „Siri“ постигна нешто подобри резултати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП