20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFerrari 275 GTB/C Speciale потенцијално најскапото Ferrari досега! (фото)

Ferrari 275 GTB/C Speciale потенцијално најскапото Ferrari досега! (фото)

ferari skapo

Реткиот примерок „Ferrari 275 GTB/C Speciale“ од 1965-та година ќе биде понуден на аукција на 16-ти август оваа година.

Oвој италијански модел ќе биде понуден на манифестацијата „RM Auctions“ која ќе биде одржана во Монтереј, а се очекува возилото да ја достигне вредноста од 25 милиони евра.

ferari skapo1

Тоа значи дека овој модел би можел да стане најскапото „Ferrari“ досега, затоа што ќе ја надмине вредноста која ја достигна „275 GB/4 NART Spider“ кој беше продаден за 20 милиони евра во 2013-та година.

Ова е еден од само трите модели кои се некогаш направени и ја носи ознака на шасијата „06701“. Моделот е произведен кон крајот на 1964-та и почетокот на 1965-та.

ferari skapo2

Тој е дизајниран како директен конкурент на „Ford GT40“ и „Shelby Cobra Daytona“, модели за трката „Le Mans“ одржана во 1965-та година, а тоа е воедно и првиот од трите „275 GTB/C Speciale“ кои се изработени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП