19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААрапски Емирати: Од пирати до банкарска елита

Арапски Емирати: Од пирати до банкарска елита

dubai1

Жителите на Обединетите Арапски Емирати од пирати и ограбувачи на британските бродови во Персискиот залив, станаа жители на една од најбогатите земји во светот.

Богатството кое се мери во милијарди долари се должи на нафтата и нејзините резерви, пренесува Блиц.

Со оваа земја управува едно семејство, а начинот на живот го диктираат шеријатските закони.

Во минатото оваа земја ја карактеризираа конфликтите со Британците, па одреден период таа беше и под нивна контрола. Меѓутоа нејзиниот подем започнува со британското повлекување во седумдесеттите години од минатиот век.

Денес, Соединетите Арапски Емирати се федерација од седум емирати: Абу Даби, Дубаи, Шарџ, Рас ул Хајм, Фуџејра, Аџман и Ум ал Кваин.

Одбраната, надворешната политика, сообраќајот, развојот, образованието, комуникацијата и имиграционите дејствија се во надлежност на Врховниот совет, кој што ја има највисоката федерална власт. Врховниот совет е составен од владетелите на седумте конститутивни емирати, чија власт е наследна. На чело на највисокиот орган на власта се наоѓа претседателот на Соединетите Арапски Држави, кој што воедно е и владетел во Абу Даби.

Од настанокот на федерацијата во 1971 година, па се до смртта во 2004 година, претседател бил султанот Зајед ал Нахјан. Претседателското место го наследил неговиот син Халифа бин Зајед ал Нахјан. Тој воедно е и владетел на Абу Даби. И покрај фактот што претседателот и премиерот го поставуваат Врховниот совет, сепак, овие две функции суштински гледано се наследни.

Кога Обединетите Арапски Емирати ја формирале федерацијата, во неа биле повикани и Катар, Бахреин и Оман, но тие ја одбиле поканата за приклучување кон овој сојуз.

Денес во Емиратите постојат големи економски разлики помеѓу оние кои се наоѓаат на северот од земјата и Емиратите на југот. Абу Даби и Дубаи, на пример, се значително поразвиени емирати во споредба со Рас ул Хајм, каде што нема нафта. Сосема слична е ситуацијата и со останатите четири Емирати: Ајман, Фуџејра, Шарџ и Ум ал Кваин.

Немирите во арапскиот свет дополнително укажуваат на слабоста на Федерацијата поради неизедначениот економски развој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП