25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКои се последиците од кивањето

Кои се последиците од кивањето

kivanje

Со кивањето ги исфрлуваме сите лоши честички насобрани со дишењето, срцето тогаш работи побавно, затворањето на очите е природен рефлекс.

Не можеме да го контролираме кивањето, а тогаш доаѓа до низа рефлексни активности, за чии последици и не размислуваме. Сите ги затвораме очите додека киваме, дури и кога се обидуваме да го спречиме или ублажиме. Еве што следува потоа…

– Бактериите кои тогаш ги исфрлуваме се движат 160 километри на час и речиси никој во опкружувањето не може да им „избега“, бидејќи имаат домет до десет метри.

– И на ноздрвите им е потребно „ресетирање“, како и на компјутерите, со кивањето ги исфрлуваме сите лоши честички насобрани со дишењето.

– Причините за кивањето се бројни: сончева светлина, хартија, студен воздух, бибер, алергии…

– Затворањето на очите е природен рефлекс и не може да се контролира.

– Срцето тогаш работи побавно, што поголем дел од луѓето тоа не го регистрираат. Тоа е последица на длабокото вдишување пред и стимулации на нервите во текот на кивањето.

– Никогаш немојте да го задржувате здивот, за да бидете потивки, бидејќи може да дојде до пукање на капиларите во очите, како и до проблеми со дијафрагмата. Ако сакате да го спречите кивањето, истрлајте го носот, притиснете ја со прстот кожата над горната усна и силно издишете низ носот, советуваат експертите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП