18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШпанската економија е на патот на закрепнување

Шпанската економија е на патот на закрепнување

spanija ilustracija

Централната банка на Шпанија соопшти дека националната економија и натаму покажува знаци на закрепнување и дека е зајакната за 0,5 отсто во вториот квартал во споредба со претходните три месеци.

Банката ја објави прогнозата за економскиот раст во 2014-та која изнесува 1,3 проценти, а не 1,2 отсто, како што претходно се очекуваше, додека следната година шпанската економија треба да се зајакне за два проценти. Претходно за 2015-та година прогнозиран е раст за 1,8 проценти.

Доколку националниот завод за статистика ги потврди податоците за периодот од април до јуни, тоа значи дека економијата остварила раст во четири квартали поред.

Во првото тромесечие растот беше на ниво од 0,4 отсто, што беше најмногу во еден месец во последните шест години.

Шпанија падна во две последователни рецесии во втората половина на 2008-ма година, по пропастот во секторот за недвижнини. Економијата излезе од рецесија кон крајот на 2013-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП