29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИNvidia пласираше на пазарот гејминг таблет (видео)

Nvidia пласираше на пазарот гејминг таблет (видео)

nvidia tablet

„Nvidia“ се враќа на пазарот на мобилни уреди со нов таблет кој е насочен кон обожавателите на видео игри. „Shield Tablet“ се потпира на „Android“ за својот оперативен систем, но хардверот ги поддржува повеќето од технологиите кои се достапни и во „GeForce“ видео картици на компанијата.

Хардверска платформа е „Tegra K1“ со архитектура „Kepler“. Тоа значи дека таа има компатибилност со „OpenGL 4.4“, „DirectX 12“, „Tesselation“ и други технологии, кои се широко користени од видео игрите. Екранот на таблетот е 8-инчен со „Full HD“ резолуција.

На предниот панел се поставени два звучника и 5 MP веб камера. Тоа може да се користи и за стриминг во платформи како „Twitch“, како и при снимање на игра преку „ShadowPlay“ на „Nvidia“. На задниот панел има и основна камера за правење на слики. На обвивка на таблетот има и слот за „DirectStylus 2“, кој може да се користи за различни апликации, цртање на графици и слично.

Во комплетот е вклучен и безжичен контролер кој овозможува полесно управување на игрите. Тој се потпира на „WiFi“ конекција за да се овозможи стриминг аудио за време на игра.

Таблетот располага и со многу од технологијата на првата портабл конзола „Nvidia Shield“, која веќе ќе се нарекува „Shield Portable“. Има и можност за поврзување на таблетот со телевизор преку „mini HDMI“ порт, на тој начин уредот станува своевидна конзола.

Основната цена на „Nvidia Shield Tablet“ ќе е 299 долари за верзијата со „WiFi“ и 16GB внатрешна меморија. Сите модификации на таблетот имаат поддршка на „MicroSD“ картички со капацитет до 128GB. Ќе има и верзија со „LTE“. Контролорот ќе чини дополнителни 59 долари, а футрола со вграден држач ќе е уште 39 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП