20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕ7 отрови во вашата кујна

7 отрови во вашата кујна

sostojki otrov

Веројатно не сте знаеле, но скоро секој од нас дома чува намирници чии одредени состојки се отровни! Нормално, тие отрови се присутни во минимални количини и сосема се безбедни ако во намирниците во кои се наоѓаат се користат на нормален, секојдневен начин.

1) Семки од овошје.

Како јаболката и црешите содржат семки во кои се наоѓа цијановодородна киселина. Истото се однесува и на семките од праска и кајсија. Оваа киселина може да биде штетна, особено за децата, доколку се изеде голема количина од нив.

2) Морско оревче.

Морското оревче е познат зачин, но мора да се дозира со внимание. Во преголеми количини може да предизвика забрзана работа на срцето, болки, па дури и халуцинации, делириум и смрт.

3) Компир.

Отровните гликоалкалоиди може да се најдат во листовите и стеблото на компирите, особено ако остане долго да стои на светлина. Гликоалкалоидите може да предизвикаат грчеви во стомакот, диареа, главоболка… Затоа избегнувајте ги компирите со зелени дамки.

4) Бадеми.

Сировите бадеми содржат голема количина на цијановодородна киселина. Само седум до десет сирови горки бадеми можат да предизвикат проблеми кај возрасните, а кај децата, дури и фатален исход.

5) Мед.

Поради тоа што не минува низ процесот на пастеризација низ кој се уништуваат токсините, медот е направен од одредени видови на билки и може да содржи адромедотоксини, кои може да доведат до вртоглавица, слабости, прекумерно потење, мачнини и повраќање. Овие симптоми, меѓутоа се јавуваат многу ретко и главно кај личности кои страдаат од алергија.

6) Домат.

Стеблата, листовите и незрелите плодови на доматот содржат мали количини на отровот томатин, кој може да предизвика стомачни проблеми. Треба да се изедат големи количини на стебла, листови и незрели плодови за последиците да бидат тешки, но во секој случај уживајте само во црвените и здравите плодови на доматите.

7) Рабарбара.

Листовите на рабарбара содржат оксална киселина, која учествува во создавањето на камен во бубрег. Доколку изедете пет килограми од овој лист, тоа би било фатално за вас, но доволна е и многу мала количина за човек сериозно да се разболи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП