29 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Епл“ подготвува околу 80 милиони примероци од новиот АјФон 6

„Епл“ подготвува околу 80 милиони примероци од новиот АјФон 6

ipho

Компанијата „Епл“ од своите снабдувачи нарачала голем број примероци од новите 4,7 и 5,5 инчни АјФон 6 смартфони, што се очекува да се најдат во продажба од есен годинава, пренесува Бизнис Инсајдер.

„Епл“ нарачал меѓу 70 и 80 милиони примероци што ќе бидат произведени до крајот на годината.

Големите нарачки на „Епл“ покажуваат дека компанијата има високи очекувања од новите смартфони.

Минатата година „Епл“ нарача меѓу 50 и 60 милиони АјФон 5С и 5Ц. Бизнис Инсајдер наведува дека зголемената нарачка на Епл се должи на партнерството со Чајна Мобајл и продажбата на уредите на пазарите во развој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП