29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗŠkoda подготвува нов голем SUV

Škoda подготвува нов голем SUV

New-Skoda-SUV222

Големиот „SUV“ на „Škodа“ за кој се говори веќе подолго време ќе се најде на патиштата кон крајот на 2016-та година.

Од „Škodа“ за „Auto Express Magazin“ рекоа дека проектот добро напредува и дека компанијата има големи надежи во овој модел, а до 2018-та година да ја достигнат целта за продажба на 1.5 милиони примероци на глобално ниво.

Возилото ќе дојде во верзии со пет или седум седишта, а би требало да биде во ценовен ранг на моделите „Kia Sorento“ и „Hyundai Santa Fe“.

Како што истакнуваат од „Škodа“, новиот модел ќе биде „вистински теренец“ кој ќе може според перформансите на непристапните терени да се натпреварува со „Land Rover“.

Што се однесува до изгледот, на „SUV“ моделот ќе има некои елементи од „Yeti“, но и од новиот „Superb“. Под хаубата ќе биде технологија позајмена од „сестринските модели“ од групацијата „VW“, на пример од „VW Touareg“.

„Škoda“ сака со амбициозните планови да оствари зголемување на уделот на пазарот во буквално секој сегмент и во секое место на планетата каде што работи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП