Кои се најдобрите острови за 2014-та година? Видете како ги сортира списанието „Travel + Leisure“.
1. Санторини, Грција.
Ова е еден од најпопуларните острови во светот. Тој доби 89.98 од можните вкупно 100 поени во рангирањето на списанието.
2. Мауи, Хаваи.
Второто место Мауи го зазема благодарение на своите 89.51 поени. Островот е буквално магичен поради својата неверојатна природа.
3. Кауаи, Хаваи.
Се смета за најзелениот остров во архипелагот. Добива 88.59 поени во рангирањето на „Travel + Leisure“.
4. Големиот остров, Хаваи.
И четврто место е окупирано од претставник на хавајскиот архипелаг. Големиот остров доби 87.89 поени.
5. Бали, Индонезија.
Познат како „Островот на илјада храмови“, Бали се гордее со своите храмови и пагоди. Тој добива 86.82 поени.
6. Оаху, Хаваи.
Ова е трет по големина остров на Хаваите. Тој е и повеќе населен. Го зазема шестото место со 86.71 поени.
7. Галапагос, Еквадор.
Архипелагот Галапагос личи на алтернативен универзум – тука животните и растенијата немаат ништо заедничко со ниедно друго место на планетата. Во рангирањето на „Travel + Leisure“ островот го зазема седмото место со 86.37 поени.
8. Вирџин Горда, Британски Девствени Острови.
Овој остров има еден од најубавите аеродроми во светот. Освен тоа, ова е идеална дестинација за романтичен одмор. Списанието му дава 86.22 поени.
9. Островот Ванкувер, Британска Колумбија.
Тоа е најголемиот остров на западниот брег на Северна Америка. Тој се уште го носи шармот на единствена култура и древниот начин на живот на индијанските племиња. Доби 86.20 поени во рангирањето.
10. Сан Хуан, Вашингтон, САД.
Тој нуди неверојатни плажи, егзотични набљудувања на китовите убијци и една од најголемите фарми за лаванда во САД. Десеттата позиција ја освои со помош на 85.78 поени.