25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Крива Паланка работилница од проектот за енергетска ефикасност

Во Крива Паланка работилница од проектот за енергетска ефикасност

Kriva-Palanka-and-Kriva-Reka222

Како дел од проектот „Јавните институции – енергетски ефикасни“ во Крива Паланка денеска се одржа работилницата „Потребите од енергетска ефикасност на јавните институции“.

Ова е трета работилница од проектот и втора на тема енергетска ефикасност, со акцент на исполнување на стандардите за енергетска ефикаснсот при изработка на техничка и проектна документација.

„Особено внимание треба да се обрне на заштита на зградите од атмосферски влијанија и на изработка на добри термоизолациски фасади и покровна конструкција. Доколку подрачјето е подложно на подолги периоди со врнежи, за продлжување на векот на траење на објектите потребно е канализирање на атмосферската вода во соодветни пропусти со што таа нема да влијае на стабилноста на постојниот објект“, рече Красимира Александрова од Центарот за јавна поддршка од Дупница, Република Бугарија.

Александрова истакна дека според досегашнто искуство со проекти од оваа област, исклучително важно е и одржувањето на пропишаната влажност на воздухот во внатрешноста на зградите.

„Во двете општини, Дупница и Крива Паланка ќе бидат изработени проекти за заштеда на енергијата и користење алтернативни извори енергија на 16 објекти. Сите се јавни институции во кои работат голем број луѓе и престојуваат ученици, за што е многу важно да се запази пропишаниот процент на влажност на воздухот“, потенцираше Александрова.

Проектот „Јавните институции – енергетски ефикасни“ се спроведува во рамки на ИПА програмата на Европската унија за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Носител на проектот е основното општинско училиште „Илинден“ од Крива Паланка, а партнер е здружението „Центар за јавна поддршка“ од Дупница, Република Бугарија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП