25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFacebook ја заврши аквизицијата на Oculus

Facebook ја заврши аквизицијата на Oculus

oculus-vr-facebook-110

„Facebook“ и „Oculus“ излегоа со заедничка изјава поради завршувањето на договорот.

„Се радуваме на заедничката иднина, создавањето на идни компјутерски платформи и промена на начинот на кој луѓето комуницираат“, велат компаниите.

По најавата за случување на овој договор на годинешниот „GDC“ во март, „Oculus“ започна со вработување на нови луѓе. Компанијата доведе неколку познати индивидуалци, како поранешниот претседател на „THQ“, Џејсон Рубин кој е задолжен за развојот на содржините директно за „Oculus“, поранешниот шеф на „Steam“, Џејсон Холтман кој е задолжен за развој на работењето, како и неколку познати луѓе од областа за развој на „VR“.

Патот до конечното превземање на „Oculus“ од страна на „Facebook“ не помина сосема лесно, освен дека „Minecraft“ требаше да добие „VR“ верзија која креаторот Маркус Персон одби да ја направи поради „Facebook“, а сега се уште се спорат со „Zenimax“ околу технологијата која поранешниот вработен Џон Кармак најверојатно ја земал без дозвола.

„Oculus“ ќе го одржи првиот собир во виртуелната реалност во септември, а компанијата неодамна ја превзема и „RakNet“ – повеќеплатформски мрежен мотор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП