18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКлоп пресече: Ројс и Хумелс остануваат во Дортмунд

Клоп пресече: Ројс и Хумелс остануваат во Дортмунд

reus-hummels

Тренерот на германскиот вицешампион Јирген Клоп одлучи да стави крај на шпекулациите за трансферот на централниот дефанзивец Матс Хумелс во Манчестер Јунајтед, како и за евентуалното напуштање на Марко Ројс, кој е посакуван од голем број европски гиганти, меѓу кои и Баерн.

„Матс и Марко ќе играат кај нас и во новата сезона. Можам да ве уверам дека нема никакви знаци дека двајцата сакаат да си заминат. За што се говори денес? Матс во Манчестер Јунајтед? За Колку? 20 милиони евра? Со такви суми можете целосно да заборавите“, изјави Клоп.

Матс Хумелс има договор со „милионерите“ до летото 2017-та година и во изминатите месеци беше поврзуван со Манчестер Јунајтед, но и со шпанскиот гигант Барселона.

Ројс, кој го пропушти Светското првенство во Бразил поради повреда, има ослободувачка клаузула во договорот во износ од 35 милиони евра. Меѓутоа пред некое време шефот на клубот Ханс-Јоаким Вацке објави дека нема шанси да го продадат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП