Германската компанија „nanoFLOWCELL AG“ го хомологираше и регистрираше првиот примерок на автомобил кој предизвикува внимание со спектакуларниот изглед, но и со новата технологија.
„Quant e-Sportlimousine“ доби хомологација и со тоа може да се употребува на патиштата.
Автомобилот е посебен по тоа што користи целосно нова „flow-cell“ технологија која пет пати е поефикасна од класичните „Li-Ion“ батерии.
Електричниот автомобил има четири мотори, по еден за погон на секое тркало. „Quant“ развива 653 KS, а најверојатно постигнува 380 km/h и со едно полнење може да помине 600 km.
Самата „flow cell“ технологија е многу комплицирана и комбинира карактеристики и начини на работа на класичен акумулатор со горливи ќелии. Енергијата се создава со делување на течни електролити.
Компанијата има во план со сериско производство да започне што е можно побрзо, но конкретен термин засега не е споменат.