25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрчката Влада брза да ги исполни барањата на „тројката“ за да ја...

Грчката Влада брза да ги исполни барањата на „тројката“ за да ја добие следната транша

grcka vlada

Грчката Влада со сите сили се обидува да го спроведе пакетот реформи, согласно барањата на „тројката“, во еден поширок закон за кој Парламентот би гласал на почетокот на август, со цел да Грција да ја добие следната транша од една милијарда евра, јави дописникот на МИА од Атина.

Покрај законот за делумна приватизација на Јавната електродистрибуција (ДЕИ), вниманието мора да се насочи кон преостанатите пет претходни чекори што треба да се исполнат во замена за ратата од една милијарда евра.

Мерките што треба да бидат вклучени во предлог законот се: план со кој се регулира изградбата во шумски предели, план за намалување на бирократијата за кој министерот за административна реформа Киријакос Мицотакис веќе покрена јавна дебата, индукција во единствен фонд за социјално осигурување на пензиските фондови на полицајците и вооружените сили, укинување од 1 јануари 2015 година на серија таканаречени даноци на трети страни, како што давачките за патнички ферибот и театарски билети, усвојување нова законска рамка со која на политичките партии ќе им се овозможи да добијат финансии директно од фирми, но исто така ги обврзува да ја зголемат транспарентноста и одговорноста.

Целта на Владата е Парламентот да гласа за овој „мулти-закон“ на 8 август, пред почетокот на летниот одмор на пратениците.

Во меѓувреме, премиерот Андонис Самарас наводно побарал од сите министри да побрзаат со исполнувањето на околу 600 помали акции кои Грција вети дека ќе ги заврши пред враќањето на „тројката“ во Атина во средината на септември, кога треба да ја изврши следната официјална проценка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП