25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКина: 632 милиони корисници на Интернет

Кина: 632 милиони корисници на Интернет

china-internet

Интернет популацијата во Кина брои 632 милиони корисници, покажуваат денекса објавените податоци на кинеската влада.

Кинеската интернет популација, во која влегуваат сите што барем еднаш се приклучиле на интернет изминатите шест месеци, зголемена е од јануари годинава за 14 милиони корисници, покажуваат податоците на кинескиот интернет информативен центар.

Корисниците на мобилни уреди имаат најголем удел во интернет популацијата, така што во последните шест месеци околу 527 милиони луѓе во Кина пристапиле на Интернет преку мобилни телефони.

Според извештајот на центарот, иако бројот на корисници е зголемен, сепак бројот на луѓе што користат социјални мрежи бележи пад.

Во периодот од јануари до јуни годинава, 257 милиони луѓе во Кина користеле социјални мрежи, што е пад од 278 милиони корисници во претходните шест месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП