29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДо 2020-та во Норвешка повеќе нема да се користат пари

До 2020-та во Норвешка повеќе нема да се користат пари

NordeaCards-large

Една од водечките финансиски организации во Норвешка изјави дека до 2020-та година земјата треба целосно да се откаже од плаќањето во готово. Во моментов готовински плаќања се практикуваат во 5% од трансакциите во земјата.

Критичарите, пак, тврдат дека луѓето целосно треба да купуваат работи преку картички.

„Finans Norge“, која претставува 200 финансиски институции и групи што оперираат во земјата, се залага за целосно отстранување на готовинските плаќања во Норвешка.

Организацијата тврди дека оваа практика ќе помогне во борбата против финансискиот криминал, кражбите и „црните пари“.

„Плаќањата во кеш претставуваат толку мал дел од плаќањата во општеството, па така ние можеме да поминеме и без нив“, се вели во соопштението на организацијата, објавено на нејзината интернет страна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП