24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПовторно најдобра авиокомпанија во Европа е Turkish Airlines

Повторно најдобра авиокомпанија во Европа е Turkish Airlines

turkis airlines avioniw2

„Turkish Airlines“ е избрана за „Најдобра авиокомпанија во Европа“ и „Најдобра авиокомпанија во југоисточна Европа“, соопштија денеска од оваа компанија, наведувајќи дека турскиот авиопревозник четврата година поред е најдобра авиокомпанија во Европа.

Турскиот авиопревозник ги освои и наградите за „Најдобар кетеринг во бизнис класата“ и „Најдобро мени во салонот за бизнис класата“ на доделувањето на светските награди во авиоиндустријата за 2014-та во организација на компанијата „Skytrax“.

„Skytrax“ги објави најновите резултати од истражувањето. Таа е најугледната светска компанија за испитување на задоволството на патниците во авиоиндустријата без екстерно спознорство, рекламирање или влијание.

Овогодинешните награди се доделени врз основа на резлутатите од истражувањето на повеќе од 18 милиони патници и околу 105 националности, кои ги користат услугите на 254 авиокомпании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП