28 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАШокантно откритие: IQ не постои

Шокантно откритие: IQ не постои

Мерењето на нивото на интелегенција е бесмислено, покажуваат најновите истражувања.

Повеќе не треба да се плашите кога некој околу вас ќе побара да решавате  IQ тест со кој ќе се одреди вашиот коефициент на интелегенција- новото истражување покажува дека ова мерење е целосно бесмислено.

Концептот како што е „коефициентот на интелегенција“ е сосема погрешно поставен и воопшто не е правилен, покажа истражувањето, чии резултати ги објави здравствениот портал „Greatist“.

Се покажа дека концептот на интелегенција може да биде разложен на три дела-краткотрајно помнење, вербални способности и способности за расудување.

Во истражувањето беа вклучени 100 илјади волонтери кои го решаваа тестот за интелегенција, бележејќи ги капацитетите за помнење, расудување, концентрација, способност за планирање… Еден дел од испитаниците се согласија нивниот мозок да биде скениран со „ФМРИ“ скенер.

Резултатите покажале дека не постои прецизен показател, како што е скалата со нивоа на интелегенција, која би можела подеднакво да ги рангира сите способности.

За секоја од испитаните „особини“ се активираат различни делови од мозокот, што дополнително ја комплицира ситуацијата.

Проучувано е и влијанието на факторите како што се годините, полот и здравствените навики на когнитивните способности. Така, докажано е дека личностите во своите дваесети години подобро ги решаваат тестовите за меморија и расудување од личностите во шеесетите години.

Интересно е тоа што испитаниците кои изјавиле дека често играат видео игри во овие области бележат подобри резултати. Од друга страна, пушачите бележат лоши резултати во областа на краткорочното помнење, како и вербалните способности.

Концептот за поинаквата интелегенција, сепак, не е новост. Во 1983 година психологот Хауард Герднер ја предложи теоријата за „повеќе видови на интелегенција“, според која постојат седум различни способности. Роберт Стернберг во 1992 година создаде специјализиран тест за интелегенција, кој интелегенцијата ја дели на аналитичка, практична и креативна способност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП