28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗOpel Ampera нема да добие втора генерација?

Opel Ampera нема да добие втора генерација?

ampera 32

„Opel“ поради малиот интерес на купувачите во Европа би можел да престане со продажбата на својот електричен модел со продолжен радиус на движење, откако во 2016-та ќе заврши производството на актуелната верзија.

Покрај тоа што во 2013-та година ја намалија цената на „Amperа“зa 7.600 евра, „Opel“ не успеа да ја подобри продажбата. Како што дознава „Automotive News Europe“, во 2013-та на купувачите им се испорачани 3.184 примероци од ова возило.

Продажбата во 2014-та година е многу лоша, затоа што досега се пласирани само 332 автомобили.

Се смета дека вака слабите продажни резултати може да доведат до укинување на моделот „Ampera“ и дека втората генерација нема да се најде во понудата на „Opel“.

За разлика од „Amperа“, сестринскиот „Chevrolet Volt“ кој се продава во Северна Америка не е загрозен. Производителот од САД веќе работи на негов наследник, кој меѓу останатото ќе има подобрени аеродинамички карактеристики.

Втората генерација на „Volt“, која би требало да биде претставена во 2016-та, ќе биде со целосно нова платформа.

Автомобилот ќе има поголем радиус на движење кога се вози исклучително на електричен погон, актуелната верзија може да помине околу 60 km, додека наследникот само со помош на електрична енергија ќе може да вози од 80 до 96 km.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП