24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција: Кризата го намали дијаметарот на пицата!

Франција: Кризата го намали дијаметарот на пицата!

pizza1

Поради зголемувањето на данокот некои производители на тутун го намалија бројот на цигарите во кутијата, а поради кризата многу пицерии ја намалија димензијата на пицата.

Сметките во пицериите во Франција се намалени за една година просечно за три проценти, а пицата загубила речиси еден сантиметар од својата големина, покажуваат резултатите од едно истражување кое опфатило 113 пицерии.

Поради зголемување на данокот некои тутунски производители го намалиле бројот на цигари во кутиите, а поради кризата голем број пицерии се одлучиле да ја намалат димензијата на пицата, пишува францускиот весник „Фигаро“.

Во истражувањето кое минатиот месец го спроведе маркетинг агенцијата ЦХД, се наведува дека димензијата на пицата за една година од 32 см е намалена на 31,3 см.

На прв поглед тоа не изгледа многу, меѓутоа, треба да се има предвид дека на тој начин пицата загубила од својата големина дури 4,3 отсто, на штета на клиентот, нагласува ЦХД.

Истовремено, намалувањето на просечниот износ на сметката (без пијалок) изнесува три проценти, односно од 13,4 на 12,9 евра.

Ова истражување открива дека секој Французин јаде околу 20 пици годишно (1,3 милијарди годишно на ниво на земји), што ја доведува земјата во позиција на втор светски пазар на овој производ, зад САД, а пред Италија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП