24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВремето го прегази Aston Martin SUV концептот

Времето го прегази Aston Martin SUV концептот

lagonda

Додека многу производители на луксузни и супер-спортски автомобили, меѓу кои се „Lamborghini“, „Maserati“, „Rolls-Royce“ и „Bentley“, ги најавуваат своите „SUV“ модели, „Aston Martin“ и натаму размислува, а концептот „Lagonda“ кој беше претставен во 2009-та година, најверојатно повеќе не е актуелен.

Шефот на дизајн на британскиот производител, Марек Рајхман, изјави дека овој концепт настана во некое сосема друго време, со други планови и различна проекција на пазарот, со што индиректно најави дека „Aston Martin“ ќе се откаже од продукциски модел кој ќе биде заснован на „Lagonda“.

Сепак и натаму се актуелни плановите за оживување на марката „Lagonda“.

Пред него што во 2009-та беше искористен за кросовер концептот, името „Lagonda“ последен пат во историјата на „Aston Martin“ беше употребен за лимузина од седумдесетите и осмдесетите години од дваесетиот век.

Најновото сценарио се однесува за производство на целосно нов класичен луксузен седан, кој исто така ќе ја има ознаката „Lagonda“.

Тој автомобил ќе биде развиен во одделението „Q“ на „Aston Martin“ како модел кој ќе се изработува во ограничена серија. Што се однесува до кросоверот, тој ќе мора да почека до некои други времиња и ќе подразбира нова концепција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП