20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Винер лајф“ доби согласност за четврта емисија на хартии од вредност

„Винер лајф“ доби согласност за четврта емисија на хартии од вредност

vinner

Акционерското друштво за осигурување ВИНЕР ЛАЈФ-Vienna Insurance Group Скопје доби одобрение од Комисијата за хартии од вредност да издаде четврта емисија на долгорочни хартии од вредност по пат на приватна понуда.

Станува збор за 1.500 обични акции со вкупен износ на емисијата од 1.500.000 евра.

Четвртата емисија на акции се врши по пат на зголемување на основната главнина на друштвото со парични влогови и е наменета за единствениот акционер Vienna Insurance Group AG Wiener Versiherung Gruppe, Австрија.

Со оваа емисија, како што информира КХВ, „Винер лајф“ има цел да изврши усогласување на работењето со Законот за супервизија на осигурување.

Поради постапување спротивно на Законот за преземање на акционерските друштва, на Метал Нет ДОО Куманово, Раде Кончар ТЕП ДООЕЛ Скопје и на Бобан Максимовски им е ограничено правото на глас и на дивиденда на обичните акции кои ги стекнале во Агрокуманово АД Куманово. Тие се задолжени во рок не подолг од шест месеци да ги отуѓат акциите.

Правото на глас и на дивиденда му е ограничено и на Блаже Филиповски за обичните акции кои ги стекнал во Технокомерц АД Скопје. Тој исто така е задолжен да ги продаде акциите.

На денешната седница дадена е и согласност Емилија Брљамова да биде именувана за директор на Службата за услуги со хартии од вредност на НЛБ Тутунска банка АД Скопје со мандат од четири години. Брљамова и досега ја извршуваше оваа функција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП