19 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНајдобрите хотели во светот за 2014-та година

Најдобрите хотели во светот за 2014-та година

hotel glavna

Од туристичкото списание „Travel and Leisure“ ја објавија новата рејтинг „World’s Best Awards“листа. Таа ги одредува најдобрите хотели, градови, бродови и спа центри во светот.

Рангирањето е на база гласање на читателите. Кај хотелите се разгледувани фактори како локација, услуги, храна. Во топ 25 има 9 американски хотели, вклучувајќи го број 1 – „Triple Creek Ranch“ во државата Монтана.

Еве како изгледа топ 10:

10. „Taj Lake Palace“, Удајпур, Индија.

hotel 10

Мермерната палата е стара 263 години и се наоѓа на мал остров во средината на езерото Пичола. Од прозорците има прекрасен поглед кон езерото. Ова место забележа одличен напредок, откако минатата година беше на 29-тото место.

9. „Oberoi Udaivilas“, Удајпур, Индија.

hotel9

На аеродромот ви посакува добредојде автомобил со возач. Потоа се префрлате на приватен брод за да стигнете до самиот хотел. 19-те соби имаат сопствени базени и тераси. 9 од собите гледаат кон езерото, а кон шумата може да се видат елени и други животни од нејзиниот прозорец. Некогаш тоа било палата. Минатата година ова место беше на број 8.

8. „Londolozi Game Reserve“, Национален парк Кругер, Јужна Африка.

hotel88888

Овде има 5 колиби. Една колиба е сместена меѓу гора од 500-годишни абаносови дрвја. Минатата година беше на број 39.

7. „Singita Sabi Sand Kruger National Park Area“, Јужна Африка.

hotel7

Се состои од две колиби, по проект на познати африкански дизајнери. Има надворешни тушеви, винарска визба, а во реонот се нуди сафари. Минатата година беше на 10-та позиција.

6. „The Langham“, Чикаго, Илиноис, САД.

hotel6

Хотелот влегува во рангирањето на „Travel and Leisure“ за прв пат.

5. „Ocean House“, Воч Хил, Род Ајленд, САД.

hotel5

Изграден е во 1868-та година и има глетки кон Атлантикот. Претрпел реновирање во вредност од 146 милиони долари. Тука има 49 соби и 39 апартмани. Одберете ја собата „Grand Deluxe Room 301“, која има камин, када со поглед кон океанот и тераса. Минатата година беше дури на 95-то место.

4. „Southern Ocean Lodge“, Кенгур Ајленд, Австралија.

hotel4

Се наоѓа на слабо населен остров на 30 минути со авион од Аделаида. Има 21 големи апартмани со тераси. Не се потребни климатизери, бидејќи хотелот е така дизајниран, дека да се лади од ветерот.

3. „Four Seasons Hotel Gresham Palace“, Будимпешта, Унгарија.

hotel3

Овој хотел има 179 соби. Тој е во стил „Art Nouveau“. Има соби со поглед кон реката Дунав или кон внатрешниот двор. Минатата година беше на број 12.

2. „Nayara Springs“, Ла Фортуна, Костарика.

hotel2222

Хотелот влегува во рангирањето на „Travel and Leisure“ за прв пат.

1. „Triple Creek Ranch“, Дарби, Монатана, САД.

hotel1

Се наоѓа во планините Битервуд. Тука не се дозволени деца. Има 23 луксузни бунгалови и 600 хектари земјиште. Во секоја колиба има камин на дрва и џакузи. Минатата година беше на број 13.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП