20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈуанот е на пат да стане трета светска валута

Јуанот е на пат да стане трета светска валута

yuan_strength222

Кинески јуан е на пат за пет години да стане третата меѓународна валута, по американскиот долар и еврото, доколку Кина ја забрза неговата промоцијата.

Прекуграничната трговија во јуани минатата година достигна 4.63 билион, што е околу 746 милијарди долари или зголемување од 57.5 отсто во однос на 2012-та година. Овој износ претставува 2.5 проценти од вкупната светска трговија, пренесуваат кинеските медиуми.

До крајот на четвртиот квартал од минатата година, директните инвестиции пласирани во јуани достигнале 533 милијарди јуани или зголемување од 1.9 пати во однос на истиот период од 2012-та.

Меѓународната употреба на јуанот забрзано расте. Народната банка на Кина неодамна потпиша меморандуми за разбирање и договори за користње на националните валути со централните банки на Британија, Германија, Луксембург, Франција и Јужна Кореја.

Во овој момент, јуанот се наоѓа на петата позиција на најкористени валути во светот, зад британската фунта и јапонскиот јен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП