28 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИШто можеме да очекуваме од новиот Sony Xperia Z3?

Што можеме да очекуваме од новиот Sony Xperia Z3?

sony z3 xperia

За разлика од своите конкуренти „Apple“, „Samsung“ и „HTC“, јапонскиот производител на паметни телефони „Sony“ не успева да се задржи една година без да претстави нова верзија на моделот од највисока класа.

Новиот паметен телефон се очекува да го носи името „Sony Xperia Z3“ и се смета дека ќе излезе на пазарот во септември. Од „Sony“ го претставија моделот „Xperia Z“ за прв пат во февруари 2013-та година, кој беше проследен со новата верзија „Xperia Z1“ во септември.

Само седум месеци подоцна од компанијата го претставија моделот „Xperia Z2“, што прави сосема логично и можно претставување на следната генерација на серијата во септември.

Според гласините „Sony Xperia Z3“ ќе има метално тело, покриено со „PVC“-елементи. Се очекува тој да е потенок од „X2“, како и повеќе водоотпорен и отпорен на прашина, како и да располага со тежок за гребење дисплеј.

Во однос на хардверските карактеристики, третата генерација на моделот се очекува да има процесор „Snapdragon 801“ со фреквенција од 2,5 GHz, 3 GB RAM меморија и графички процесор „Adreno 420“. Моделот ќе ја има најверојатно истата 20,7 мегапикселна камера како при последната верзија, а од компанијата се фокусирале на оптимизирање на нејзиното функционирање, наместо врз зголемување на бројот на пикселите.

Според податоците кои се појавија на интернет, новиот модел се очекува да биде околу 7% побрз во споредба со неговиот претходник. Се очекува смартфонот да биде претставен за време на саемот за електроника во Берлин што ќе се одржи помеѓу 5-ти и 10-ти септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП