19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИнвеститори од Хонг Конг го купија списанието Форбс

Инвеститори од Хонг Конг го купија списанието Форбс

forbes

По 97 години во рацете на семејството, „Forbes Media“ објави дека мнозинскиот удел во компанијата е купен од група на инвеститори со седиште во Хонг Конг.

Стив Форбс останува претседател на одборот на директори и главен уредник на списанието „Форбс“.

Купувачот е „Integrated Whale Media Investments“, а износот на трансакцијата не беше објавен. Сепак, извори од преговорите изјавија за агенцијата „Блумберг“, дека компанијата е проценета на 475 милиони долари. Семејство Форбс ќе задржи малцински удел во неа.

Компанијата ќе остане со седиште во САД, но ги објави плановите за меѓународна експанзија. Од „Форбс“ тврдат дека достигнуваат до 75 милиони луѓе во целиот свет преку печатените изданија, сајтови, телевизија, конференции и анализи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП