18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗаврши „шопингот“ на Челзи!

Заврши „шопингот“ на Челзи!

murinjo selekcija

Менаџерот на Челзи Жозе Мурињо најави крај на летната селекција, откако во петокот беше финализиран трансферот на Филипе Луис, за кого „сините“ платија 15,8 милиони фунти на Атлетико Мадрид.

Бразилецот е четвртото ново засилување во клубот по Цеск Фабрегас од Барселона, Диего Коста од Атлетико Мадрид и Марио Пасалиќ од Хајдук Сплит. Од клубот си заминаа Давид Луис, Демба Ба, Самуел Ето, Ешли Кол, Френк Лампард, Енрике Иларио и Сем Хечинсон.

„Завршивме со селекцијата. Трансфер пазар се затвора на 31-ви август, но за нас се затвори на 19-ти јули. Мој клуб заврши фантастична работа. Не само поради играчите кои ги зедовме, туку бидејќи го направивме тоа во речиси рекордно време“, изјави Мурињо.

„Знаевме какви се нашите цели, знаевме кои играчи ги сакаме и затоа ги „нападнавме“ нив и клубовите во многу рана фаза. Зедовме токму она што ни треба и што сакаме. Тоа е состав кој јас многу го сакам и немам трпение сезоната да започне“, додаде Португалецот.

Според него во новата сезона пет тима имаат шанси да ја освојат титулата во Премиер лигата – Челзи, Манчестер сити, Ливерпул, Арсенал и Манчестер Јунајтед.

„Минатата сезона имаше добри тимови, а во новата тие ќе бидат уште посилни, бидејќи секој инвестира. Пред неколку години, кога ќе изградеше шампионски тим, беше најверојатно да станеш шампион. Сега, ако изградиш шампионски тим, се бориш да влезеш во првата четворка. Причината поради која толку многу ми се допаѓа Премиер лигата е дека никогаш не знаеш кој ќе стане шампион. Знам дека ние сакаме и можеме да победиме, но во ова првенство нема ништо сигурно“, рече уште Мурињо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП