25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКрај за сериите Asha, Series 40 и X!

Крај за сериите Asha, Series 40 и X!

kraj asha

„Microsoft“ во следната година ќе организира големи промени внатре во компанијата, кои главно ќе се состојат со бројни отпуштања и згаснување на според нив, непотребните производи. Еден од таквите секако е и „Х“ серијата на паметни телефони, која „Nokia“ ја создаде додека превземањето од страна на „Microsoft“ се уште не беше во целост спроведено.

Смартфоните од серијата „X“ работат на модифицирана серија на „Android“ оперативниот систем во кој се исфрлени сите сервиси на „Google“. Последниот таков телефон е „Nokia X2“, за кој пишувавме пред еден месец, а кој веќе сега службено се нарекува последниот „Android“ телефон од „Х“ серијата. Некои „Х“ модели ќе станат евтини „Lumia“ моделни кои во иднина ќе работат на оперативниот систем „Windows Phone“.

Ништо подобро нема да поминат ниту телефоните на „Nokiа“ од сериите „Asha“и„Series 40“, чие производство исто така е стопирано.

Корисниците кои претходно купиле уред од сериите „Asha“, „Series 40“и„X“, „Microsoft“ ќе им обезбеди поддршка во идните 18 месеци, меѓутоа таа нема да вклучува и нови софтверски надоградувања за тие телефони.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП