19 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРА15 причини зошто на некои луѓе бизнисот секогаш им пропаѓа

15 причини зошто на некои луѓе бизнисот секогаш им пропаѓа

bad_buss

Без оглед колку е сјајна вашата страст и визија, неколку лоши навики може да ви ја загрозат ветувачката работа. Обично, во прашање се два или три потези кои предизвикуваат неуспех. Во продолжение следува преглед на 15 најчести потези на претприемачите кои не успеваат да ги реализираат своите цели.

1. Тие наоѓаат изговори

Најчест изговор е тој дека тие немале доволно време. Тоа всушност значи дека таа задача не била доволно приоритетна, забавна, профитабилна или итна да би била на врвот на листата.

2. Тие обвинуваат други/надворешни сили

Претприемачите кои ја обвинуваат економијата, начинот на кој се воспитани, времето, потрошувачите, своите вработени, моменталниот претседател, спротивната политичка партија, значи, било кој освен себе, за својата ситуација, никогаш нема да бидат успешни.

3. Тие не се чесни

Залажувањето на вработените во врска со нивните плати или лажење на потрошувачите се очигледни примери на опасно непочитување, но и лажните пофалби кон вработените наместо критикувањето на истите, исто така е подеднакво лошо.

4. Тие се мрзеливи

Ако претприемачот доцни на работа, не чита и не сака напорна работа, предодреден е од старт да биде неуспешен.

5. Тие се убедени дека знаат се

Самодовербата е неопходна за некој кој сака да започне бизнис, но секое его има граници. Неуспешните претприемачи често се премногу горди да признаат дека не знаеле како да управуваат со својата компанија.

6. Тие не се подготвени да донесат одлука

Неопходно е да се соберат што повеќе информации пред да се донесат важни одлуки, но трошењето на премногу време во размислување забавува се и бара пари. Добриот план кој ќе се изврши сега е подобар од совршениот план кој ќе се изврши следната недела.

7. Тие не и одредиле јасен правец на компанијата

Никој при здрав разум не саката да следи претприемач кој нема јасна претстава каде се движи, а сепак, многу претприемачи не можат јасно да кажат кои се нивните деловни цели за тековната година. За да ги привлечат најдобрите работници, претприемачите мораат да имаат одредена визија за својата компанија.

8. Тие одбиваат да прават отстапки

Лошите претприемачи имаат потреба за микроменаџерство, меѓутоа, никој не е добар во се, па така раководителите би требало да се насочат кон најголемите и најважните прашања.

9. Тие се вклучени во немерливи работи

Неопходно е да се замисли како компанијата може да расте, за повеќе извори и таленти да бидат достапни.

10. Тие не се во можност да се спротистават

Кога вработените ќе почувствуваат некоја слабост кај раководителите, често тоа и ќе го искористат.

11. Тие не се организирани

Водењето на бизнис оди со бескрајна одговорност, а успешните претприемачи секогаш ги синхронизираат своите зафатени животи со системот кој функционира за нив.

12. Тие нудат нешто што не може да биде профитабилно

Некои претприемачи не можат добро да ги пресметаат своите можности и одат напред и покрај сите можности да заработат пари.

13. Тие нудат ужасна услуга или производ

Ако вработените се лошо обучени за работа, бизнисот е осуден на пропаст.

14. Тие се лоши трговци

Ако навистина верувате дека вашата компанија им нуди на вашите потрошувачи решение за нивните проблеми, тогаш би требало своите решенија да ги изговарате што можете погласно. Користете го растот на компанијата за да ги воспоставите личните односи и не се плашете ако сте премногу нападни.

15. Тие ја игнорираат метриката

Неопходно е да го разделите вашиот деловен план  на едноставни задачи и пресметки кои можат секојдневно или неделно да се проверуваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП