25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБензема доби нов договор!

Бензема доби нов договор!

benzema dogovor

Скоро во секој преоден рок се говори дека Бензема би можел да си замине од Реал, но најверојатно на овие шпеклуации ќе им дојде крајот, затоа што Французинот го продолжи договорот со „кралевите“ до 2019-та година.

Карим Бензема потпиша нов договор со мадридскиот клуб, па така тој на „Сантијаго Бернабеу“ ќе биде и во наредните пет години.

Тоа е епилогот од преговорите кои се водени во претходните неколку денови и се завршени со задоволство на двете страни.

Бензема ова лето главно беше поврзуван со трансфер надвор од Реал и тоа поради одличните партии во вториот дел од минатата сезона, но и на Светското првенство, каде за Франција постигна три гола.

Најверојатно, Бензема во иднина ќе заработува по 8 милиони евра годишно.

Репрезентативецот на Франција досега во „белиот“ дрес има 235 настапи, а притоа постигна 111 голови.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП