На почетокот на јуни „Samsung“ го најави првиот комерцијален смартфон со „Tizen“ платформа, „Samsung Z“.
Станува збор за смартфон кој покрај „Tizen“ платформата ќе го одликува и 4.8-инчен екран со 720p резолуција. Меѓутоа, иако требаше да биде претставен на 10-ти јули во Русија, овој телефон и натаму не е достапен.
Официјалното објаснување кое го понуди „Samsung“ е дека паметниот телефон е одложен поради тоа што „Tizen“ платформата се уште не нуди доволно големо портфолио на апликации.
Сепак, „Samsung“ најавува дека „Samsung Z“ би можел да се најде во продажба до крајот на овој квартал, но се уште не е познат новиот датум за тоа.
Овој смартфон е забележан на самитот „Tizen Developer“ во Русија и на сликите можете да видите како тој изгледа.