25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонија оствари рекорден трговски дефицит

Јапонија оствари рекорден трговски дефицит

japa1

Јапонија во текот на јануари оствари рекорден трговски дефицит, откако неодамна со агресивна монетарна политика значително го ослаби јенот.

Во јануари извозот беше зголемен за прв пат во последните осум месеци, бидејќи стоката стана повеќе достапна за странските купувачи. Увозот во јануари е зголемен за 7,3 проценти во споредба со увозот од минатата година.

Меѓутоа, ослабената валута влијаеше и врз зголемувањето на увозот, што резултираше со зголемување на трговскиот дефицит кој изнесува 17,1 милијарди долари. Ова претставува раст од десет проценти во однос на истиот период од минатата година.

Јапонскиот дефицит влијаеше на растот на увозот на горивото.

Третата по големина економија во светот го зголеми увозот на гориво, бидејќи нуклеарните реактори се затворени, по катастрофалниот земјотрес и цунамито, кои пред речиси две години се случија во Јапонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП