24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШтрајк на синдикатите во Индија поради поскапувањата

Штрајк на синдикатите во Индија поради поскапувањата

A man stands in front of closed shops during a nationwide strike in Kolkata

Голем број банки во Индија денеска се затворени, а јавниот превоз во повеќе места е запрен поради штрајк на синдикатите кои протестираат поради поскапувањата.

Штрајкот, воглавно не ја загрозува индиската престолнина Њу Делхи и бизнис центарот Мумбај, каде финансискиот пазар нормално работи.

Насилство избило на некои места во првиот ден од дводневниот штрајк, а работниците, лути посебно поради високите цени на бензинот, настојуваа денеска да не користат возила. Еден член на синдикатот е убиен во северниот град Амбали.

Во Њу Делхи и Мумбај јавниот сообраќај се одвива без прекин. Некои таксисти штрајкуваат, но канцелариите и училиштата се отворени.

На други места запрен е јавниот сообраќај, банките се затворени, а повеќето продавници и канцеларии се затворени.

Штрајкот се случува во време, кога индиската Влада се подготвува да му предложи намален буџет на Парламентот, кој утре ја започнува седницата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП