19 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕРај во Италија – Palazzo Avino (фото)

Рај во Италија – Palazzo Avino (фото)

nat1

Сместен во брдата кои се протегаат над совршено убавите Амалфи брегови, во сончевиот јужен дел на Италија, „Palazzo Avino“ е место со многу историја…

Изградено во текот на 12-от век, првобитно било резиденција на италијанско благородно семејство, но денес неговите врати се отворени за сите светски патници кои уживаат во луксузот. Овој хотел се наоѓа 300 метри над нивото на водата, па така на своите гости им нуди можност за уживање во сликовитиот поглед на Медитеранот и на идиличните рибарски села, кои се наоѓаат насекаде околу овој хотел.

Сместувачките капацитети на овој хотел се состојат од 32 соби и 11 апартмани, добро опремени и декорирани со рачно правени „Vietri“ плочки, антички теписони и мебел од 18 и 19 век. Кога станува збор за изборот на ресторани, овде за секого има по нешто – од опуштено пиење кафе на тераса, до вечера во многу луксузен и елегантен ресторан како што е „Rossellinis“.

Главен фокус во овој хотел се дава на релаксирањето, со оглед на неговата локација. Овде ќе имате прилика да уживате во солариум со две џакузи на покривот од овој хотел, од каде можете да го гледате прекрасното заоѓање на сонцето. Тука е и отворениот загреан базен со сјаен поглед на морето и планините.

Овој хотел им нуди на своите гости и фитнес центар, спа центар, сауна, турска бања, специфични кабини за третмани и масажи, каде што се користат само ексклузивни „Carita Beauty“ производи кои потекнуваат од Париз.

nat2

nat3

nat4

nat5

nat6

nat7

nat8

nat9

nat10

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП