23 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕОваа „суперкомпликација“ вреди 13 милиони долари (видео)

Оваа „суперкомпликација“ вреди 13 милиони долари (видео)

77408943753c6baed2f2a4842978227_330x403

Ремек-делото на швајцарскиот реномиран бренд „Patek Philippe“, часовникот со 24 функции кој е продаден на Хенри Грејвс во 1933 година, а чија вредност денес се проценува на 13 милиони долари, на 11 ноември ќе биде понуден на аукција во Женева.

Како што е случај со сликите од големите мајстори, виолините на Страдивариус и некои луксузни автомобили, пазарот за врвни часовници се повеќе привлекува купувачи. Убавиот часовник стана паметно вложување на парите, како што е купување на стан или акции на берза.

Куќата „Patek Philippe“, кој токму сега одбележува 175 години постоење, одлучи тоа случување да го прослави како што му личи на еден голем бренд: продажба на суперкомпликацијата на Хенри Грејвс.

Како што кажува официјалното име „Суперкомпликација“, овој џебен часовник поседува многу сложен механизам со дури 24 функции.

Часовникот има и своја приказна: банкарот од Њујорк, Хенри Грејвс, побарал од швајцарски часовничар специјално за него да се направи златен часовник со најсложен можен механизам. „Patek Philippe“ го прифатил предизвикот и три години подоцна, американскиот финансиер го добил своето мало боженство.

Меѓу 24-те функции на овој неверојатен часовник се и вечниот календар, показател на месечевите фази и време на изгревањето и заоѓањето на сонцето во Њујорк.

Овој исклучителен часовник прв пат е продаден токму во Њујорк во 1999 година. Сумата од 11 милиони долари која тогаш ја дал шеикот Сауд Бин Мохамед Блин Али-Тани, влегла во книгата на рекорди како најскап часовник продаден на аукција.

Нема сомнение дека после 11 ноември, книгата на Гинисови рекорди ќе мора да го ажурира поглавјето за најскапите часовници на светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП