19 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНовата iPad генерација ќе пристигне во март?

Новата iPad генерација ќе пристигне во март?

Иако на пазарот сеуште е актуелен „iPad Mini“, од компанијата „Apple“ протекоа информации дека новата генерација на „iPad“ ќе се појави во март 2013 година.

Ако им веруваме на информациите кои ги објави јапонскиот блог „Macotakara“, новата генерација на таблети од „Apple“ во продажните салони би требало да пристигне во март, заедно со пролетната испорака на старите модели.

Со оглед на тоа дека „iPad Mini“ беше пласиран во ноември, многумина се прашуваат зошто „Apple“ за толку краток период нуди нов модел.

Блогот „Macotakara“, цитирајќи доверливи извори од внатрешноста на „Apple“, објави дека новиот „iPad “ ќе биде многу сличен на „iPad Mini“ кога е во прашање дизајнот, но ќе биде потенок и полесен.

Се очекува дека димензиите на новиот модел ќе бидат 4мм х 17 мм х 2 мм, исто така, познато е дека новиот „iPad“ ќе има екран од 9,7 инчи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП